Седма година по ред, Македонија се вклучува во одбележувањето на најголемата светска еколошка акција Часот на планетата Земја, во која учествуваат над 170 држави ширум светот, во повеќе од 7000 градови.
Часот на планетата Земја е глобална иницијатива која треба да ве мотивира да ја искористите вашата моќ за да ги инспирирате и останатите да направат промена, да се вклучат во дијалог и размена ресурси коишто даваат реални решенија за еколошките предизвици.
Оваа акција има за цел да ја покрене свеста кај граѓаните за еколошките промени кои се случуваат во светот, но исто така и за креирање на навика за разумно користење на електричната енергија. Видеоспотот под мотото „Заблескај светлина на климатските промени“ можете да го погледнете тука.
НУ Археолошки музеј на Македонија и оваа година се вклучи и беше дел од Рекордниот број на градови и локации во нашата Република кои потонаа во мрак за Часот на планетата Земја, давајќи поддршка на акцијата, правејќи ја најголемата акција одржана во Македонија од самиот почеток.
Беше направена и посебна видео компилација за акцијата во Македонија со инсерти од централната манифестација во Скопје истата можете да ја погледнете тука.
https://www.instagram.com/p/BDKJhxJle5Z/