На 15 и 16 септември, нашата колешка археологот нумизматичар м-р Сања Битрак учествува на меѓународен симпозиум за нумизматика, кој се одржа во Србија, на локалитетот Виминациум (International Numismatic Symposium CIRCULATION OF THE ANTIQUE COINS IN SOUTHEASTERN EUROPE, Viminacium, Serbia September 15th -16th 2017).
Темата на м-р Сања Битрак е „Монетарна циркулација на монетите во времето на Октавијан Август на територија на Р. Македонија“.
– Овој артикл содржи монети ковани во времето на Октавијан Август (31 г.прн. н.е. -14 г.) пред да биде прогласен за Принкепс. Oсвен регуларните царски изданија циркулираат и монети од римското провинциско монетоковање, откриени на територија на Република Македонија. Во овој текст ќе бидат презентирани монетите откриени во локалитетите во Охрид, во населбата на Плаошник, од градот и од некрополата во Стоби, во населбата Градиште во Неготино(Антигонеја), некрополата во Марвинци. Целта е да се види фазата на циркулирање на монетите во времето на Октавијан Август на овoј простор.