СВЕТСКИ ДЕН НА ХЕМОФИЛИЈАТА

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Светскиот ден на хемофилијата се одбележува од 1989 година, а 17 април е избран по датумот на раѓањето на Френк Шнабел – основач на Светската федерација за хемофилија. Споделувањето на знаењето не прави посилни“ е мото на годинашното одбележување на Светскиот ден на хемофилијата 17 Април, организирано од Светската федерација за хемофилија. На глобалното одбележување се придружува и Здружението на хемофиличарите на Македонија, кое информира дека нема причина за славење и на овој ден ќе апелира да се сврти вниманието кон лицата со оваа хронична болест-состојба.
НУ Археолошки музеј на Македонија повторно ја дава подршката со осветлувањето во црвена боја.