СВЕТСКИ ДЕН НА ПРЕДВРЕМЕНОТО ПОРОДУВАЊЕ

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

НУ Археолошки музеј на Македонија, како и многу други објекти во светот, денес е осветлен во виолетово светло, со што се вклучи во одбележувањето на 17 ноември „Ден на на предвременото породување“ – т. е. подршка и за бебињата и за родителите.
Кај нас ПремНова е Клуб на родители на предвремено родени деца. Целта на ПремНова е поддршка на семејствата кои имаат предвремено родено дете и подобрување на грижата и негата на овие деца во текот на интензивното лекување и по доаѓањето дома. Клубот ПремНова функционира во рамките на Лулка – Здружение за грижа и едукација на бремените жени, мајките и децата. Лулка и ПремНова имаат континуирана поддршката од EFCNI (Европската фондација за грижа на новородени). Самата виолетова ( пурпурна) боја е избрана како боја која која што означува нешто сензитивно.