Светски ден на аутизмот

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

На иницијатива на Генералното Собрание на Обединетите Нации, секоја година на 2 април се организираат настани и активности со цел да ја подигнат свеста на јавноста за аутизмот, да информираат за важноста на раната дијагноза и раната интервенција и да помогнат во собирањето на средства за помагање на лицата со аутизам.

Од 2010 година па наваму, на глобално ниво се одвива кампањата со име „Light it Up Blue“ при што со сино светло се осветлуваат знаменитости, истакнати објекти, згради, училишта…
НУ Археолошки музеј веќе четврта година по ред е вклучен во оваа кампања и на 2 април повторно беше освелтен во сино светло истовремено со стотици илјади други згради ширум светот.