На иницијатива на Генералното Собрание на Обединетите Нации, секоја година на 2 април се организираат настани и активности со цел да ја подигнат свеста на јавноста за аутизмот, да информираат за важноста на раната дијагноза и раната интервенција и да помогнат во собирањето на средства за помагање на лицата со аутизам.
Од 2010 година па наваму, на глобално ниво се одвива кампањата со име „Light it Up Blue“ при што со сино светло се осветлуваат знаменитости, истакнати објекти, згради, училишта… Иницијативата опфаќа седум континенти, 101 земја, 1.300 градови и 8.400 знаменитости и истакнати објекти.
НУ Археолошки музеј веќе трета година по ред е вклучен во оваа кампања. Како останатите држави и градови ги осветлија своите знаменитости можете да погледнете тука.