Промоција на вториот број на студентското списание „Axios“

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Во рамки на својата стратегија за промоција на археологијата во Р. Македонија, и особено на развојот на младиот археолошки кадар, НУ Археолошки музеј на Македонија ја овозможи промоцијата на вториот број од меѓународното електронско студентско списание за археологија и историја на уметноста -“Axios”, во организација на студентското археолошко здружение “Аксиос” – Скопје. Промоцијата се одржа во конференциската сала на музејот, на 17.11.2017 година.
Вториот број на списанието содржи шест труда на студенти од катедрите за Археологија, Историја на уметноста и Историја, при универзитетите „Св Кирил и Методиј“ – Скопје и „Гоце Делчев“ – Штип, како и десет труда од странски студенти од Универзитетот од Белград, Универзитетот од Приморска (Копер) и Универзитетот од Љубљана. Овогодишните текстови опфаќаат теми од археолошка методологија, до симболички анализи, доцноантичка уметност и музеологија.