ЕВРОПСКИ ДЕНОВИ НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 2016

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Од минатата година и НУ Археолошки музеј на Македонија се приклучи  на манифестацијата Европски денови на културно наследство, која што е  во организација на НУ Музеј на Македонија, така што во рамки на програмата за оваа година, која што во многу институции од културата се реализира од 23-27 септември – под мотото „Европа во Македонија“, во просториите на НУ Aрхеолошки музеј на Македонија се одржаа следниве настани:

24.09.2016 (сабота) од 15:00 – 17:00 ч. Тема – Europa Romana: Посета на изложби и предавања за римските епиграфски споменици и артефакти, организирано како бесплатна прошетка на посетителите низ поставката со римски артефакти и лапидариумот, каде што се предаваше за  карактеристиките на римското културно наследство во Македонија и влијанието на римската култура врз создавањето на новите општествени придобивки како и на 26.09.2016 (понеделник) од12:00 -14:00 ч. Посета на библиотеката на Фондацијата Кирил Трајковски, сместена во просториите на НУ Археолошки музеј на Македонија, каде што се одржа  презентација на содржината на библиотеката и проекција на краток филм за основањето, градењето и функцијата на библиотеката во иднина.

Програма