Во Културно-Информативниот Центар на Република Македонија во Софија на 29 Мај 2015 е поставена изложба со наслов „Накитот од Македонија низ вековите“ на Археолошкиот музеј на Македонија.
Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и е централен настан меѓу повеќето активности со кои КИЦ на РМ во бугарската престолнина годинава одбележува 10 години постоење.
Концептот на изложбата претставуваше репрезентативна илустрација на еволутивниот развој на накитот пронајден на тлото на Република Македонија од археолошките ископувања вршени седумдест години наназад.
Презентираните копии од атрактивни артефакти со непроценлива културна и историска вредност претставуваат сведоштво за културниот идентитет на популациите кои егзистирале на овој простор од неолитот до средниот век, изјави директорката на Археолошкиот музеј Весела Честоева по повод изложбата, која во Софија ќе може да се посети до 10 јуни.