Известување

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

НУ Археолошки Музеј на Македонија – Скопје ја известува јавноста дека на ден 08.11.2017 г., во 18 часот, дефект на неонско светло предизвика локално опожарување во подрумските простории на музејот. Со брза реакција на дежурната служба за обезбедување на музејот, со противпожарни апарати пожарот беше изгаснат. Веднаш со констатирањето на појавата на пожар, за настанот беа известени и Противпожарната бригада на град Скопје која утврди дека пожарот е локализиран и целосно отстранет, како и службите на полициска станица Центар – Скопје. Предизвикана е незначителна материјална штета на таванскиот дел на просторијата, без последици по животот и здравјето на вработените во институцијата, како и по безбедноста по движното културно наследство кое се чува во музејот.

Со почит
НУ Археолошки Музеј на Македонија – Скопје