Како и секоја година, НУ Археолошки музеј и оваа година се приклучува на настанот „Бела ноќ“, кој што по 13 пат годинава се одржа на 07 октомври, односно од сабота навечер. Во организација на Младинскиот културен центар и Град Скопје, и за оваа „Бела ноќ“ овозможено е да бидат опфатени визуелните уметности (ликовна уметност, фотографија, инсталација, видео арт, стрип), како и применетите уметности (архитектура, визуелен/ индустриски/ веб дизајн, мода, дигитални креации, видео арт и инсталации), музика, филм, јавна уметност и урбани изведби и перформанси.
Како и повеќето институции од културата, во оваа долга вечер, продолжи да работи и НУ Археолошки музеј на Македонија.Од 18 часот, па се до полноќ, евидентирани се 1401 посетители кои што бесплатно ја видоа музејската поставка. Многумина од посетителите оваа вечер беа странски државјани. Нивните впечатоци за музејот ги запишаа во нашата книга за впечатоци.