Европски денови на културното наследство 2017 – European Heritage Days 2017

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Одбележувањето на Европските денови на културното наследство датира од 1991 год, на иницијатива на Советот на Европа, и со подршка на Европската унија, a oд 1996 год. се приклучува и Р.М. Oваа манифестација се одбележува со цел подигнување на свеста кај пошироката јавност за заедничкото европско наследство. За таа цел, од 2015 година и НУ Археолошки музеј на Македонија поканува ученици за бесплатна посета на музејската поставка и го презентира богатото археолошко наследство.

Оваа година, на 15 септември, музејот организираше едукативни активности за учениците од трето одделение, од ООУ „Григор Прличев“, Скопје, организирано со бесплатна посета на музејската поставка, како и беплатен престој во детската едукативна работилница при музејот – „Млади археолози“. Со водич за презентација на оригиналните музејски артефакти, па кратко предавање од археолог кустос за запознавање со поимот археологија, учениците во работилницата потоа моделираа од глина, цртаа, како и „ископуваа артефакти“ во импровизираниот „локалитет“.

На 19 септември исто така, во рамки на Европските денови, музејот ги отвори вратите за сите заинтересирани, при што домашните и странски посетители можеа бесплатно да ја видат музејската поставка. Вкупниот број на посетители на овој ден е 125 лица, од кои 56 беа странски посетители.
Во исто време, а за одбележување на оваа манифестација и во Неолитското село – на локалитетот Тумба Маџари овозможена е бесплатна посета за училиштата.