ЕВРОПСКА НОЌ НА МУЗЕИТЕ

  • Post category:Настани
  • Reading time:0 mins read

Кон „Европска ноќ на музеите“, културна манифестација во организација на Париз, Франција, чија што цел е музеите од земјите во Европа да го слават културното наследство преку ноќното отворање на вратите и бесплатен влез за посетителите, се приклучуваат се повеќе музеи од Република Македонија.
Така и НУ Археолошки музеј на Македонија од годинава се приклучи на „Европска ноќ на музеите“, со што на 21 Мај за сите посетители овозможи бесплатен влез и тоа во терминот од 18 часот до полноќ. Со ова и Археолошкиот музеј станува дел од овој настан како и сите европски земји кои што го слават културното наследство и ги отвораат до доцна навечер вратите за посетителите.
Вечерта музејот бесплатно го посетија преку 400 посетители, од кои шеесетина беа странски туристи.