Денот на Египќаните со гости од Египет, Захи Хавас, познатиот археолог доаѓа во Скопје

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

На 21 јуни во рамките на регионалната посета, а по повод на празнувањето
на Денот на балканските Египќани (24 јуни), во посета на Република
Македонија ќе дојдат д-р Захи Хавас арехолог од светски глас и амбасадор
на културата на ООН, м-р Нурелдин Мухамед Ахмед Мамуд ЕлТамиму, член на
високиот Совет за култура на Египет и Мухамед Ел Саид, новинар вработен
во Дејли њу (Daily New Egypt) од Каиро, Египет.
Гостите ќе бидат примени од министерот за култура Асаф Адеми, а ќе ги
посетат Музејот на Македонија, Археолошкиот Музеј на Македонија , како и археолошкиот
локалитетот Стоби.
Посетата е со цел да се развие и афирмира научната и културната
соработка со АР Египет.
Хавас e археолог и јавен службеник, чија магнетна личност и силно
застапување помогнаа да се подигне свеста за напорите за ископување и
зачувување што тој ги надгледуваше како шеф на Египетскиот врховен совет
за антиквитети (СЦА). Тој беше министер за антиквитети во Египет во 2011
година. Тој е амбасадор на културата на ООН. Неговиот лик и дело биле
инспирација при пишувањето на сценариото за филмскиот лик Индијана Џонс,
на Џорџ Лукас и Стивен Спилберг. Нурелдин Мухамед Ахмед Мамуд ЕлТамиму,
е член на високиот Совет за култура на Египет, а неговата книга
„Изгубено наследство“ е преведена на повеќе светски јазици, а од
претседателот на АР Египет е овластен за одржување на службените релации
со Балканските Египќани.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ