Крводарителска акција – Вашата Крв Спасува Живот-Придружете Ни Се !

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Почитувани,

НУ Археолошки музеј на Македонија Ви изразува неизмерна благодарност за вчерашниот масовен јавен одзив на нашата хуманитарна крводарителска акција „Вашата крв спасува живот – Придружете ни се!“ .
Пред се, голема благодарност до Црвениот крст на Р. Македонија и Институтот за Трансфузиона медицина на Р.Македонија за помошта при организирање на овој настан, но и на сите јавни медиуми кои имаа голем удел во информирањето и популаризацијата на оваа крводарителска акција.
Сепак, најголема благодарност за СИТЕ кои земаа учество во истата и за тие што даруваа и за тие кои не беа во можност да даруваат но директно ја поддржаа и помогнаа акцијата.

Благодарност до сите; хуманост на дело… срдечен поздрав до наредниот настан.

Со почит,
НУ Археолошки музеј на Македонија