Делегација од НУ Археолошкиот музеј на Македонија отпатува на јубилејното 20 годишно доделување на Европската Музејска Академија (Е.М.А.) – „LUIGI MICHELETTI AWARD “, кое се одржа од 07 до 09 мај во Бреша , Италија . Оваа година според жири комисијата Археолошкиот влезе меѓу 15 најдобри музеи од Европа, а како единствен од балканските земји чија што кандидатура е прифатена во потесниот круг. Тимот на археолошкиот музеј предводен од директорката Г-ѓа Весела Честоева и претставникот на ЕМА за Р.Македонија Г-дин Гордан Николов, подготви презентација на нашето археолошко наследство сместено во новиот објект во Скопје. Исто така Археолошкиот Музеј на Македонија на европската репрезентативна мапа на сите музеи прикажана од страна на организаторите во Бреша беше претставен со нашето уставно име.