Археолошки потпиша договор за учество на изложба во Обединетото Kралство

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Делегација на НУ Археолошки музеј на Македонија, од 4 до 7 Јуни престојуваше во посета на Обединетото Кралство, поточно во Оксфорд, каде што и официјално беше потпишан договорот за реализација на изложбата „ Религиите во Големите Импреии“, во Ашмолијан музејот -при универзитетот од Оксфорд. Делегацијата во присуство на претставници од фондацијата Кирил Трајковски од Лондон, беше примена од директорот на Ашмолијан музејот д-р Александар Стругис, како и д-р Пол Робертс. Ова е за прв пат Р. Македонија да учествува на една таква голема изложба, од причина што оваа изложба ја организираат два престижни музеја – Бритиш музејот од Лондон и Ашмолијан музејот од Оксфорд.

– Република Македонија, поточно археолошкиот музеј на Македонија, е единствена земја која е поканета да биде дел од оваа изложба, а на која ќе учествува со девет теракотни икони од познатото Виничко Кале, кои потекнуваат од 4 до 6 век и претставуваат сублимирани пораки за најраните христијански догми, придружени со латински натписи, изведени во длабок рељеф, со концизна теолошка порака – истакна Весела Честоева- раководител на проектот.

На состанокот, на присутните им беше презентиран концептот каква ќе биде самата експозиција, со прецизни детали. Директорот на Ашмолијан Музејот д-р Александар Стругис и д-р Пол Робертс беа импресионирани од богатото културно наследство кое што го поседува Археолошки Музеј на Македонија и дадоа исцрпно образложение дека оваа изложба ќе направи обид да даде одговор на прашањето како се развивале религиите и како тие се се спојувале една со друга како знак на мултикултурализам.
Оваа изложба британската јавност ќе има можност да ја види од 19.10.2017-18. 02 2018.
Ова ќе биде голем настан за промоција на богатото културно наследство на Р.М. во престижниот Ашмолијан музеј, рамо до рамо со Бритиш музејот.
Овој проект е подржан од страна на Министерството за Култура и Фондацијата Кирил Трајковски од Лондон, со која НУ Археолошки Музеј на Македонија има потпишано меморандум за соработка и досега реализираше повеќе активности.