Во мартовското издание на Oryx, списанието го промовира Скопје како една од најновите дестинации на Qatar Airways во Европа, притоа истакнувајќи ги највпечатливите туристички места во овој вековен град. Сепак како една од главните атракции во градот е истакнат Археолошкиот музеј на Македонија-Скопје.!
Со повторното активирање во јануари 2017 година, Oryx претставува ново модерно и луксузано издание на Qatar Airways, една од најдобрите авиокомпании во светот. Достигнувајќи бројка од над 30 милиони читатели во една година, магазинот секој месец се фокусира на различни теми од стил до иновации како: Вода, Уметност и овомесечната Вкус, притоа истакнувајќи го луксузот и авантурискичкиот стил на живот, но и зајакнувајќи и промовирајќи го квалитетот на патувањето со авиокомпанијата која поседува пет-ѕвезди. Двојазичноста на изданието на англиски и на арапски јазик креативно ги раскажува приказните на одбраните посебни места покривајќи ги Катаровите 150 дестинации насекаде низ светот. Најважно, списанието на своите лојалните клиенти им дава инспирација каде и како најдобро да патуваат низ светот на најатрактивните дестинации.
Затоа, ни претставува посебна чест што НУ Археолошки музеј на Македонија е дел од овој светски магазин како заштитен симбол на градот Скопје и Македонија.
Со почит,
Археолошки музеј на Македонија