Вашата крв спасува живот – Придружете ни се!

  • Post category:Настани
  • Reading time:0 mins read

Почитувани,

НУ Археолошки музеј на Македонија Ви изразува неизмерна благодарност за денешниот голем јавен одзив на нашата втора крводарителска акција „Вашата крв спасува живот – Придружете ни се!“.
По успешната прва крводарителска акција во август 2016, НУ Археолошки музеј на Македонија во соработка со Црвениот крст на Р. Македонија денес успешно организираше и втора крводарителска акција, која ги надмина сите претходни очекувања.
Голема благодарност до Црвениот крст на Р. Македонија и Институтот за Трансфузиона медицина на Р.Македонија за помошта при организирање на овој настан, но и на сите јавни медиуми кои имаа голем удел во информирањето и популаризацијата на оваа крводарителска акција.
Сепак, најголема благодарност за СИТЕ кои земаа учество во истата и за тие што даруваа и за тие кои не беа во можност да даруваат, но директно ја поддржаа и помогнаа акцијата.
Благодарност до сите, хуманост на дело…

Со почит,
НУ Археолошки музеј на Македонија