Денеска во Археолошкиот музеј се одбележа крајот на четвртиот Министерски форум за културна соработка помеѓу НР Кина и земјите од Централна и Источна Европа – Процес “17+1” кој оваа година се одржа во Скопје.
Директорот на Археолошкиот музеј,
г. Горан Санев ја презентираше постојаната музејска поставка на високата делегација по што
Министерскиот форум заврши со обраќањата на Министерот за култура на РСМ, г. Хусни Исмаили и Министерот за култура и туризам на НР Кина, г. Луо Шуганг.
На овој настан присуствуваше и Министерот за култура на Црна Гора,
г. Александар Богдановиќ и останати високи претставници од земјите на Централна и Источна Европа.
По одржаните говори следеше коктел и настап на триото Тони Китановски.