“Во Aрхеолошкиот музеј во Скопје, се одржа работилница на која им беше дадена можност на децата да станат вистински мали археолози. Работилницата е дел од програмата на првиот фестивал на детска креативност Трамболини. Малите археолози се најдоа во улога на Индијана Џонс и дознаа како под површината на земјата лежи цел свет во кој никој никогаш не знае што ќе се најде. Исто така научија дека археолошките ископувања не се одвиваат само некаде далеку во светот, туку вистинското богатство може да биде скриено под земјата што ја шетаат и газат секој ден. Беа применети сите превентивни мерки за заштита од корона висрусот. Благодарност и до директорката на археолошки музеј д-р Славица Бабамова, која несебично ја даде својата поддршка на овој фестивал.” – Детски културен центар “Карпош”