Заврши проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи

  • Post category:Новости
  • Reading time:2 mins read

Проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 го завршуваме во согласност со завршувањето на школската година. Денес Ви ги претставуваме цртежите кои ги добивме за османлискиот период, антропологијата и останатите предизвици кои претходно ги објавувавме.
За два месеци, со хронолошкото објавување на сите периоди во археологијата се едуциравме на повеќе теми. Им благодариме на сите 72 деца кои беа дел од овој едукативен проект, со кој планираме да продолжиме и во иднина. По олабавувањето на рестриктивните мерки сите ќе бидат поканети на бесплатна посета и едукативна работилница во нашето едукативно катче. Исто така планираме да организираме изложба на која ќе бидат изложени сите цртежи кои ги добивме. ❤️