Со завршувањето на античката археологија започнува средновековната археологија и османлискиот период.
__
Раносредновековниот период е време на интензивни општествени турбуленции кои доведуваат до масовно осиромашување и пропаѓање на градската култура на просторот на раната Византиска империја, што следи по средината на VI век, а чиј важен дел претставува и римската провинција Македонија и денешната територија на Македонија.
Главна карактеристика во ова време претставуваат миграциските процеси започнати уште во доцниот римски период.
__
👉 Оттука важен дел на експозицијата претставуваат деловите од војничка опрема, (копчи, апликации за колани и фибули/брошеви) наменети за припадниците на византиската војска како и за орнаментација на варварските федерати-сојузници.
👇
Денес во проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 Ви ја претставуваме големата лачна фибула. (VII – IX век.)
Оваа фибула, односно копча – безопасна, претставува дел од облеката на војник од раниот среден век, од т.н. Комани-Крује култура, која се простира во крајбрежниот појас на Јадранското и Јонското Море.
Направена е од метал и бронза, а бројните преправки и преработки сведочат за долгата употреба на овој вид предмети.
👉 Фибулата била користена за прицврстување на тешката волнена наметка на војниците, која ги штитела од студот и врз која можеле и да си легнат во време на војните. Освен фибулата војниците носеле уште неколку предмети кои ги идентификувале и им го одредувале војничкиот сталеж и тие предмети биле пренесувани на другите војници по загинувањето на нивниот другар, додека одликувањата како фибулата, торквесот, приврзоците и малиот нож од појасот биле пренесувани семејно на наследниците.
По смртта на сите машки наследници, дедовци, татковци, синови и внуци нив ги наследувале жените. Поради тоа дел од овие предмети археолозите ги откриваат во женски гробови.
Затоа во постојаната поставка на Археолошкиот музеј оваа лачна фибула е претставена на женска кукла.
__
Предизвик за цртеж бр:1️⃣4️⃣🎨: Нацртајте ја жената од раниот среден век со фибулата која ја наследила.