Поради одложувањето на планираната посета како дополнување на наставните содржини по предметот историја на седмоодделенците од ООУ ,,Гоце Делчев” со кое музејот има долгогодишна успешна соработка, учениците во текот на овој период сепак ја реализираа планираната активност, благодарение на можноста за виртуелна посета на изложбата ,,100 години Требениште”.
Под менторство на наставничката по историја Калина Серафимовска и наставничката по англиски јазик Камелија Симоновска, со интегрирање на овие два предмети, учениците изработија презентации во кои опишуваат реален ритуал со златната маска, а на англиски ги искажуваат своите впечатоци издвојувајќи артефакти што повеќе или помалку им се допаднале, како и впечатоци од виртуелната посета. Освен презентациите добивме и прекрасен цртеж на кој е нацртана златната маска.
Им благодариме на наставничките и на учениците кои со особена заинтересираност и огромен успех ја реализираа својата задача.
Едвај чекаме повторно да се дружиме со сите вас во музејот ❤️