За повеќе од еден месец од почнувањето со проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 во истиот се приклучија над 50 деца и до сега стасаа вкупно 167 креативни цртежи.
Голема благодарност до учениците од ООУ “Васил Главинов”- Велес и нивниот ментор Габриела Андонова кои од самиот почеток се дел од овој проект, ООУ “Добре Јовановски” – Прилеп и менторот Ивана Настовска, како и до учениците од ОOУ “Григор Прличев” – Охрид и нивниот ментор Николина Чадоска кои неодамна се приклучија, и како и сите до сега така и тие ни испратија прекрасни цртежи. 😊
Денес Ви ги претставуваме цртежите кои ги добивме за античката археологија, а проектот продолжува понатаму со нумизматиката и средновековната археологија и османлискиот период.