Дотерувањето на жените во железно време

Железното време е период со кој завршува предисторијата, a кој започнува во 10 век пред н.е. и трае сѐ до 6 век пред н.е. Неговата последна фаза уште се нарекува протоисторија и го навестува почетокот на антиката и историското време. Во овој период забележуваме силен економски, културен и религиозен развој, особено кај заедниците кои живееле по долината на реката Вардар, подоцна историски посведочени како Пајони.
👇
Денеска преку проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 ќе Ви откриеме како жените се облекувале и дотерувале во железното време.
Накитот секогаш се поврзувал со дотерувањето на жените (како прстени, белегзии, обетки, ѓердани и др.), но
понекогаш некои форми на накит се употребувале во секојдневниот живот. Во оваа група влегуваат предмети кои служат за спојување на облеката и нејзино прикачување, како што се фибули, игли, копчи, копчиња, фалери, појаси и др.
Со 👉фибулите (кои се претставени на овие фотографии) била прикачувана горната облека или наметките на пределот на градите или на рамената. Фибулите и иглите можеле да имаат и двојна улога, истовремено и утилитарна, декоративна, но и култна намена.
👇
Предмети: Наочареста фибула од гроб 344, локалитет Лисичин Дол, с. Марвинци, Валандовско, 7-6 век пред н.е. претставени на реконструкција на девојка од локалитетот Лисичин Дол, с. Марвинци, Валандовско

Предизвик бр.5️⃣🖼️: Нацртајте како се дотерувале жените во железното време. Дали вие би додале нешто на нивната облека? Доколку вашиот одговор е да, нацртајте ни што би било тоа.
Ги очекуваме Вашите цртежи 😊