Кадилник и прибор за јадење од бакарното време

Ви благодариме на сите кои ни испративте интересни и креативни цртежи за првите два предизвици 👏😍😊
Денеска проектот #МузејскаЕдукација 🎨 преку #Цртежи 🖼️ го продолжуваме со два предмети од третиот период во предисторијата, односно од 4-тиот милениум пред нашата ера,
👉 енеолитот (бакарно време).

👇
Предмет бр.1️⃣: Кадилник – керамички сад обликуван како опинок, со зашилен преден дел и рачка на задниот. Во горниот дел е издупчен со повеќе отвори и еден поширок отвор во кој се внесувало жар и разновидни билки со кои се каделе просториите на праисториските куќи, со цел да ги отстранат здодевните бубалки и гадинки. Откриен е во населбата на лок.Пилаво, с.Бурилчево, Кочанско.

Предмет бр.2️⃣: Прибор за јадење од енеолитот.
👇
Како кога ручаме денес, така и пред 6.000 години луѓето од енеолитот користеле длабоки лажици за да црпат од големите садови полни со чорба. Црпалките биле изработени од керамика и наликуваат на металните и пластичните кои ги користиме денес. Археолозите ги ископуваат во населби, во внатрешноста на предисториските куќи.
Предисториските луѓе, исто така, користеле чинии изработени од керамика за сервирање и јадење. Супите ги сркале од длабоки чинии, кои често биле декорирани со цртање или врежување.
Оваа убава чинија со горен дел во вид на бранови е откриена во светилиштето во Св. Атанасиј, во с. Спанчево каде била однесена како дар.

Предизвик за цртеж бр.3️⃣: нацртајте ни ја Вашата трпеза со енеолитскиот прибор кој ќе го украсите по Ваша желба и во близина нацртајте го кадилникот кој служи да ги брка здодевните бубалки 😊
Ги очекуваме Вашите цртежи 🖼️