Грнчарството е една од најважните придобивки во младото камено време – неолитот

Проектот #МузејскаЕдукација преку #Цртежи 🎨 го продолжуваме со вториот период од предисториската археологија, а тоа е неолитот (младо камено време).
👇
Грнчарството е една од најважните придобивки во младото камено време – неолитот. Од овој предисториски период, луѓето ни оставиле во наследство многу разни предмети кои сведочат за нивното постоење. Неолитскиот човек изработувал разни садови и предмети од глина, кои ги користел во своето секојдневие. Некои од садовите ги украсувал со разни врежани и сликани растителни и геометриски орнаменти со таинствени пораки, кои археологијата се обидува да ги разреши.
.
.
Меѓу многубројните керамички садови од неолитската колекција, се издвојува едно минијатурно сатче, т.н. пиксида која веројатно служела за чување на накит, козметика или некој лек. Со својата извонредна изведба на врежани мотиви на спирали на ѕидовите и стилизиран облик на сонце на дното, ова минијатурно сатче е еден од најинтересните предмети откриени во археолошките истражувања во познатата неолитска населба Тумба Маџари во Скопје, која потекнува од пред 8 000 години.
.
.
Предизвик за цртеж број 2🎨: како Вие би го украсиле ова сатче и што би чувале во него?
Ги очекуваме Вашите цртежи 😊