Денес, кустосите советници м-р Перо Арџанлиев и д-р Александра Папазовска како претставници на Археолошкиот музеј на РСМ потпишаа меморандум за соработка со д-р Христо Попов, директорот на Националниот Археолошки институт и музеј при БАН во Софија, Бугарија.
Со потпишувањето на овој меморандум, соработката помеѓу двете институции во полето на археологијата ќе создаде синергија која ќе обезбеди основа за понатамошни истражувачки проекти. Заедничките истражувања ќе бидат изведувани во поширок социо-културен и интердисциплинарен контекст врз основа на засебни договори и ќе опфаќаат реализација на заеднички теренски истражувања на локалитети во двете земји, размена на истражувачи, публикации како и заеднички изложби.