Оваа година археолошкиот музеј во рамки на годишната програма на институцијата ја реализираше првата фаза од активностите посветени на санација и ревитализација на Владетелската гробница на локалитетот Градиште, село Бразда. Целта на овој проект беше целосно расчистување на комората на овој значаен и уникатен објект од V век пр.н.е. што се случува за прв пат по неговото откривање во 1986. Локалитетот се наоѓа во непосредна близина на главниот град. Проектот се реализираше под раководство на Роберт Петковски и Радомир Ивановиќ од Археолошкиот Музеј, а стручниот тим го сочинуваа: Горан Ивановски, Стеван Илиевиќ, Марјан Костовски, Иванчо Велков, Илија Бошковски и Перо Синадиновски. Голема благодарност и до локалното население кое како и секогаш беа спремни да помогнат.