Одржана четвртата конференција “Неолитот…

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

Одржана четвртата конференција “Неолитот во Македонија”

На четвртата конференција “Неолитот во Македонија” одржана на 12 ти и 13 ти декември во Археолошкиот музеј на Македонија, во чест на истакнатиот археолог Восилав Санев, беа изложени 15 реферати презентирани од македонски, српски, бугарски, грчки , италијански , британски и шпански археолози кои говореа за најновите сознанија поврзани со неолитското културно наследство во Македонија. 
Предавањето на еден од најреномираните грчки предисторичари, професорот Костас Котсакис „New Light on the Earliest Neolithic in Greece and the Expansion of Agriculture in Europe“ , даде посебен осврт за неолитот во Грција.

На овој научен собир беше промовиран и зборникот на трудови “Neolithic in Macedonia: challenges for new discoveries” кој е резултат од минатогодишната конференција.

Конференцијата е резултат на темелната соработка меѓу Центарот за истражување на предисторијата и Археолошкиот музеј на Македонија и таа е финансиски поддржана од Министерството за култура на Република Македонија.

Манифестацијата “Недела на археологијата” се заокружува со бесплатен влез на 14 ти демекври (петок) во музејот под отворено небо – Неолитското село во населбата Маџари.