Црнофирнизиран кантарос
1,300.00 ден
Опис
Црнофирнизиран керамички сад – Кантарос, со две вертикални држалки, рамно поставени на устието, кои на највисокиот дел од рачката се јазичесто извлечени. Стомакот е декориран со пластично изведени ребра, кои конусно се спуштаат кон прстенестата нога.
Хронолошки , црнофирнизираниот кантарос датира од IV – III век. пр.н.е.
Кантаросот е откриен на југозападната некропола, при археолошките истражувања на капиталниот проект Некрополите на Исар Марвинци.





