По повод соработката склучена помеѓу НУ Археолошки музеј на Македонија и универзитетот Ludwig-Maximilians-Universität од Минхен, изразена преку вклучувањето на проектот „Археолошките истражувања на лок. Мали Дол, кај с. Тремник – Неготино“ во германскиот проект за железно време – UNIVERSITÄTSFORSCHUNGEN ZUR PRÄHISTORISCHEN ARCHÄOLOGIE, Perspectives on Balkan Archaeology – The Early Iron Age: Methods and Approaches, во просториите на НУ Археолошки музеј на Македонија, се одржа предавање од областа на раното железно време под наслов: „Reflecting upon Diversity: Iron Age Groups of the Lower Vardar Valley in the light of supra-regionals dynamics“.
Предавањето го одржа Даниела Хеилман, која што е докторант на Ludwig-Maximilians универзитетот од Минхен, во групата на проф.др. Kарола Мецнер-Небелсик. Хеилман работи на докторска тема под наслов „Погребни обичаи во раното железно време помеѓу Гласинац, Дунав и Родопските планини (8-5 век пр.н.е.) Предавачот беше претставен од виш кустос археолог за железно време, м-р Александра Папазовска.