Во Aрхеолошки Музеј на Македонија свое предавање на тема: „Конзервација на мозаиците од римскиот град Зеугма во Турција“ одржа д-р Роберто Нарди – директор на Центарот за Археолошка конзервација од Рим, Италија (Centro di Conservazione Archeologica – CCA) и претсeдател на Меѓународниот Комитет за конзервација на Мозаици (International Committeе for conservation of Mosaics – ICCM).
Предавањето е организирано од страна на фондацијата „Балканско наследство“ од Р. Бугарија, а во соработка со Национална Установа „Стоби“ и Археолошки Музеј на Македонија.
Гостите од фондацијата заедно со Д-р Нарди ја разгледаа и музејската поставка и археолошкото наследство на Р. Македонија изложено во неа.