Како дел од меморандумот за соработка помеѓу НУ Археолошки музеј на Македонија и фондацијата „Кирил Трајковски “, а во рамки на имплементацијата на активностите предвидени со програмата, во НУ Археолошкиот музеј на Македонија се одржа предавање на тема: „Најновите методи и технологии кои се користат во систематските археолошки ископувања, презервација и конзервација. Предавањето беше одржано од професорот Ендру Вилсон од универзитетот во Оксфорд, кој е водечко име во областа на римската археологија.
Потоа беше промовиран последниот број на списанието за културно наследство „Патримониум.МК “ кој е посветен на археологот Кирил Трајковски.
Директорката Весела Честоева како домаќин на настанот најпрвин овозможи музејска тура за гостите и промовирање на нашето археолошко наследство.