95 години Археолошки музеј

  • Post category:Настани
  • Reading time:1 mins read

1 април 1924 година е датумот на втемелувањето на музејската дејност во Македонија.

Собирањето на предметите од античкиот и од средновековниот период започнало во 1919 година, а пет години подоцна бил оформен тогашниот Музеј на Вардарската Бановина како прва музејска институција и бил сместен во Куршумли ан во Старата скопска чаршија. Подоцна преименуван во Музеј на јужна Србија, па Народен музеј во текот на Втората светска војна, од 1949 година се нарекува Археолошки музеј на Македонија, кога музејските збирки биле сместени во зградата на касарната на Скопското Кале. Од 1982 до 2013 година, Археолошкиот музеј дејствува како составен дел од Музејот на Македонија. Поминувајќи низ сите историски и општествени промени, Археолошкиот музеј во Скопје во текот на своето постоење од речиси цел век, до денес продолжува да биде столб на собирањето, истражувањето, згрижувањето, проучувањето и презентацијата на движното археолошко наследство.
НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ ЈУБИЛЕЈОТ