360° Виртуелен водич во Националниот археолошки музеј

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 min read

Националниот археолошки музеј ви нуди виртуелна прошетка низ објектот на музејот, преку соработката со партнерите од „Македонија на дланка – 360° Визуелен водич“. Виртуелна прошетка е низ влезното фоаје, малку низ Лапидариумот и  привремената изложба „Корошишта“.

Виртуелна прошетка

Партнерството е резултат на потпишаниот меморандум за соработка меѓу Националниот археолошки музеј и Здружението за промоција на култура, историја и туризам МАКИТ ВИРТУЕЛ од Скопје, како носител на активностите на веб-порталот Македонија на дланка. Платформата е единствена од таков тип во државата и со неа се промовираат културно-историски локации во 360° виртуелна технологија пред странските и домашните посетители.

Исто така, подготвена е виртуелна прошетка и за локалитетите

  • Тумба Маџари
  • Големо Градиште – Коњух
  • Архео Парк Бразда

Виртуелната прошетка може да ја видите на следниот линк – https://macedoniafromabove.mk/arheoloskimuzej/

На следните линкови можете да ги посетите виртуелно и археолошките локалитети