100 години Требениште

  • Post category:Изложби
  • Reading time:1 mins read

Најголемите археолошки откритија во светот обично доаѓаат случајно.

Од март до август 2019 година во Археолошкиот музеј во Скопје, со гордост ја прикажавме приказната за откритието, кое сосема случајно се случи во 1918 година, во близина на селото Требениште, кај Охридското Езеро. Оваа приказна е сосема уникатна и инспиративна, не само за ексклузивноста на наодите или околностите на откривањето, туку и за нејзиниот меѓународен карактер, бидејќи археолозите од три земји поединечно ископаа делови од мистериозна, историска и културна загатка во изминатите 100 години. Загатката сега за првпат во својата историја се состави како целина, но овој пат со заеднички напор на археолозите од истите три соседни земји каде што овие делови се чуваат и презентираат во нивните главни музеи.

Изложбата “100 години Требениште” ја одбележува годишнината од откривањето на  Требенишката некропола, една од најзначајните, и сигурно најпознатите локалитети на Балканот. Дури и сега, 100 години од откривањето на првата златна маска, локалитетот останува мистерија, предизвикувајќи многу генерации археолози да ја откријат приказната за непознатата аристократија што живеела крај брегот на Охридското Езеро во текот на 6 век п.н.е.

Оваа изложба по претставување пред македонската јавност, ќе биде поставена во Софија , а потоа и во Белград.

Автор на оваа изложба е м-р Перо Арџанлиев , кустос советник во Археолошкиот музеј на РСМ

Тема на месец март – Три држави , еден тим = “100 години Требениште”

Месец март го посветуваме на тимот кој придонесе за успешна реализација на изложбата “100 години Требениште”.

На овој комплексен проект работеа експерти од повеќе области кои несебично го вложија своето знаење, труд  и време што резултираше со светски производ кој веднаш го привлече вниманието на пошироката јавност.

Тимот составен од претставниците од трите земји го оствари сонот на многу генерации и направи историски и значаен чекор со кој се надминаа разликите  и фокусот се стави кон нештата што обединуваат.

Оваа изложба е круна на пријателство на три држави чии севкупни резултати се важни за претставување на заедничкото културно богатство и за промовирање на културната соработка на земјите од Западен Балкан.

Членови на стручниот тим:

Директори на институциите: Горан Санев , Христо Попов, Људмил Вагалински – поранешен директор на НАИМ при БАН во Софија, Бојана Борич Брешкович, Елеонора Новаковска и Славица Бабамова

Автори на изложбата: Перо Арџанлиев, Крсто Чукалев и Вера Крстич

Редактори: Александра Папазовска, Татјана Цветичанин и Маргарит Дамјанов

Останати членови на стручниот тим: проф. Јован Ивановски, Паско Кузман, Радомир Ивановиќ, Илија Бошковски, Ива Лабан, Марина Спирова, Даниела К.Богоевска, Бисера Крцковска, Зоран Ристиќ, Никола Хаџи Николов, Ана Ивановска – Дескова, Александра Чевреска, Емилија Митева, Роберт Петковски, Александар Шарковски, Горјан Шурбановски, Иво Стојановиќ, Перица Трајковски, Маријан Миланоски, Анатоли Арнаудовски, Климент Балев, Билјана Балева, Татјана Стојоска Видовска, Бојан Танески, Чавдар Чомаков, Красимир Георгиев, Пламен Георгиев, Петја Андреева, Петја Пенкова, Слава Василева, Станимира Танева, Јана Димитрова, Милан Чолович, Вељко Илич, Мирослав Петелин, Жељка Темерински, Снежана Топич, Слободан Трипкович.

Голема благодарност и до главниот покровител на овој настан, Владата на РСМ, како и до спонзорите и поддржувачите, Министерство за култура на РСМ, винарија Стоби, Општина Центар, Уни банка, Книгорпима консалтинг и Маратон груп.