Археолошкиот музеј на РСМ, имаше чест и можност уште еднаш да биде дел во програмата на манифестацијата ,,Струмица, градот на културата” претставувајќи се со филмот „Движни записи од Македонската археологија“ од авторката – археолог Ирена Колиштркоска Настева.
ДВД-то е издадено во 2011 год. со поддршка од Министерството за култура, германската невладина организација ДВВ и авторката.
Филмските зaписи se вршени 20-тина години наназад, но тоа не ја намалува нивната актуелност, напротив за истражувачите нуди корисни архивски податоци од повеќе аспекти.
Во содржината се вметнати наоѓалишта од РСМ, со широк хронолошки распон од праисторијата па до средниот век:
Стоби, Градско
Северно поградие, с.Село Град, делчевско
Вардарски рид, Гевгелија
Тумба Писта, с.Мамутчево, велешко
Пилаво, с.Бурилчево, кочанско
Тумба Маџари, Скопје
Тумба, с.Стенче, тетовско
Владетелска гробница, с.Бразда, скопско
Некропола, с.Бучинци, скопско – кумановско
Врањак, с.Варвара, скопско
Некропола Градиште, Скопско Кале (каде што денес се наоѓа амбасадата на САД)
Всушност, станува збор за куси филмови од набројаните археолошки локалитети, со севкупно траење од час и половина. Секој од нив со титлување го запознава гледачот со археолошкото наоѓалиште, хронологијата, откриениот археолошки материјал кој раководел со ископувањата каде се изложени или депонирани експонатите и сл.
Ова е за сега единствен збир од археолошки куси филмови кои се достапни на три јазика: македонски, англиски и албански јазик.
Снимањето е обезбедено со аматерска камера и голема желба и љубов од страна на авторката да ги забележи истражувачките мигови на археолозите, вмрежени со несопирлив ентузијазам.