Меѓународниот ден на музеите, 18 мај, кој оваа година се одвиваше под темата ,,Музеи, одржливост и благосостојба” Археолошкиот музеј го обележа со посетата и работилницата насловена ,,Јас и музејот, една приказна”, со членови на „Флагелум“, здружение за едукација, еднакви можности, лобирање и застапување на лицата со посебни потреби од Скопје.
Запознавањето со минатото ни овозможува полесно да чекориме кон иднината и да се соочиме со сите предизвици кои ги носи новото време.
Малите археолози и овојпат имаа многубројни прашања кои ткаат една заедничка приказна, која продолжува да се надополнува. 🏛️