Преку игра и потрага по деловите со кои ќе дојдат до одговор на мистичната загатка, учениците од V-1 одд од ООУ “Св. Кирил и Методиј” – Скопје имаа можност на несекојдневен начин да ја разгледаат поставката и преку свои цртежи и изработки да ја пренесат пораката од работилницата под наслов “Моето културно наследство – моја сегашност и иднина” одржана во склоп на “Европски денови на културното наследство” со овогодишна тема “Одржливо наследство”.