Претставници на Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија на работна посета во Националниот музеј на Косово во Приштина – 24.06.2022

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Претставници на Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија остварија работна посета во Националниот музеј на Косово во Приштина.


На разговорите околу претходно договорените презентации на движното културно наследство на двете држави им претходеше посета на археолошкиот локалитет Улпијана.

Средбата се одржа во рамките на иницијативата за потпишување протокол/календар за соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, млади и спорт на Република Косово.