Претставници на Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија остварија работна посета во Националниот музеј на Косово во Приштина.
На разговорите околу претходно договорените презентации на движното културно наследство на двете држави им претходеше посета на археолошкиот локалитет Улпијана.
Средбата се одржа во рамките на иницијативата за потпишување протокол/календар за соработка меѓу Министерството за култура на Република Северна Македонија и Министерството за култура, млади и спорт на Република Косово.