Потпишани договори за изложбата 100 години Требениште

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Во Министерството за култура на Република Бугарија денес во Софија беа потпишани договори помеѓу Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Национален археологически институт с музей – БАН во Софија и Narodni muzej Srbije во Белград со цел продолжување на соработката во рамки на изложбата “100 години Требениште”. Домаќин на овој свечен чин беше министерот за култура на Р. Бугарија, Велислав Минеков, а присуствуваа и амбасадорите на Северна Македонија и Србија во Софија, Агнеза Руси Поповска и Жељко Јовиќ.


Археолошките предмети пронајдени на требенишката некропола за прв пат беа изложени на едно место во 2019 година во Археолошкиот музеј во Скопје и по ковид пандемијата наредните изложби ќе се одржат во 2023 година во Софија и во 2025 година во Белград.
Договорот предвидува научна соработка и размена на изложби меѓу Археолошкиот музеј на РСМ и Народниот археолошки музеј при БАН во Софија.
Голема благодарност и до Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид за поддршката во остварување на оваа соработка и размена на изложби.