Посета на археолошкиот локалитет Стакина Чешма во Валандово со фондацијата „Кирил Трајковски“

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Продолжува соработката меѓу Археолошкиот музеј и фондацијата „Кирил Трајковски“.

Посета на археолошкиот локалитет Стакина Чешма во Валандово
Претставници на фондацијата „Кирил Трајковски“ го посетија археолошкиот локалитет Стакина Чешма во Валандово со цел да се запознаат со посебноста на оваа доцноантичка луксузна вила. Во присуство на претставници од Министерството за култура и општина Валандово, на средбата се разговараше и за потенцијалите за туристичка презентација, како и за неговата самоодржливост.