По повод 21 јуни, денот на Охридското Езеро, со цел зајакнување на јавната свест за Охридското Езеро како културно и природно наследство, Археолошкиот музеј на Република Северна Македоннија вчера организираше отворен ден за јавноста во рамките на археолошките и интердисциплинарни истражувања на локалитетот Врбник во Струга. На пошироката јавност ѝ беа презентирани сознанијата за населбата која се наоѓа близу до брегот на езерото, како и методологијата која се користи при подводните археолошки ископувања.