Одржани едукативни работилници за Бела ноќ

За нашите најмлади посетители, во рамки на манифестацијата ,,Бела ноќ”, се одржаа две едукативни работилници на интересни теми.
Темата на работилницата одржана во Археолошкиот музеј беше ,,Доживувам и создавам” , а во Куршумли Ан преку инклузивната работилница насловена  ,,Модата некогаш и сега” младите посетители имаа можност да се запознаат со изгледот на модата во минатото и добија прилика на себе да облечат модел од античкото време.