За нашите најмлади посетители, во рамки на манифестацијата ,,Бела ноќ”, се одржаа две едукативни работилници на интересни теми.
Темата на работилницата одржана во Археолошкиот музеј беше ,,Доживувам и создавам” , а во Куршумли Ан преку инклузивната работилница насловена ,,Модата некогаш и сега” младите посетители имаа можност да се запознаат со изгледот на модата во минатото и добија прилика на себе да облечат модел од античкото време.