Во текот на месец април ќе се одржи обука за недеструктивни, односно геофизички истражувања, во која ќе учествуваат археолози од повеќе институции од државава, а ќе се спроведе на три различни локалитети – Стакина Чешма и Исар Марвинци во Валандово како и на Градиште Неготино.
Обуката и истражувањата ќе се спроведуваат од страна на стручен кадар од НУ Археолошки музеј на Република Северна Македонија во соработка со ТигерГео Лтд и Ливерпулскиот Универзитет Џон Моорес. Проектот е поддржан од Министерство за култура преку програмата за проекти од национален интерес и COST-SAGA. COST SAGA (Soil science & Archaeo-Geophysics Alliance: going beyond prospection) е една од интердисциплинарните мрежи на научници во која членуваат 87 експерти од 34 држави, во која од македонска страна национален координатор е Радомир Ивановиќ од Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија. Главна цел на COST SAGA е да ги развива и промовира истражувачките активности кои ги здружуваат археологијата, геофизиката и науката за почвата.
#COSTAction #COSTprogramme