Научен симпозиум: од доцната антика до средниот век

  • Post category:Новости
  • Reading time:1 mins read

Во организација на Истражувачкиот центар за културно наследство „Цветан Грозданов“ при МАНУ, на 5 и 6 декември Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија беше домаќин на Научен симпозиум во чест на акад. Блага Алексова со наслов „Од доцната антика до средниот век. Археолошки погледи во Македонија“. Особена чест и задоволство ни беше да се потсетиме на богатиот научно-истражувачки опус на акад. Алексова, која најголемиот дел од својот работен век го помина во Археолошкиот музеј во Скопје и ги постави темелите на средновековната археологија во Македонија.
На симпозиумот со свои излагања се претставија околу 30 академици, нејзини соработници, колеги и помлади истражувачи.